Плоштина на ромб со помош на дијагонали
Следете ги упатствата во аплетот и така ќе ја откриете формулата за пресметување плоштина Р на ромб ако се познати неговите дијагонали. На стрелката во долниот лев агол ја стартувате и запирате анимацијата ,а на иконичката во горниот десен агол ја обновувате конструкцијата.
Задачи
1) Конструирај ромб на лист хартија ,повлечи ги неговите дијагонали и исечи ги триаголниците кои притоа се формираат. Понатаму постапи исто како во аплетот. Дали постои поинакво разместување на триаголниците кое ќе не доведе до одговорот на прашањето за плоштина?